Историски „камбек“ на Денвер, моќен одговор на Торонто

Денвер нагетс го оствари најголемиот клупски „камбек“ во разигрувањата надополнувајќи негатива од -19 поени против Сан Антионио спарс за победа со конечни 114:105. Нагетс воедно израмнија на 1-1 во првата рунда против кошаркарите на Грег Попович пред преселбата на серијата натпревари во Тексас.

Иако Денвер во два наврати губеше со 19 поени разлика, тоа не ги спречи разиграните Мари и Јокиќ да блеснат кога беше најпотребно за домаќините. Одличниот шутер постигна 21 поен од вкупно 24 во последната четвртина и е најзаслужен за историскиот подвиг на Денвер, додека српскиот центар „флертуваше“ со тројниот учинок, на крајот му недостасуваа две асистенции за трипл-дабл (21 поен, 13 скока и 8 асистенции).

Oд редовите на Сан Антонио се истакна Дерозен со 31 поен, додека Олдриџ додаде 24 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=jNMph1iluQw

Во Торонто израмнија и Репторс во серијата против Орландо меџик. Домаќините славеа со убедливи 111:82, па сега Орландо ќе има два натпревари на домашен терен да покаже дека победата во првиот меч не беше случајност.

Торонто од старт го контролираше резултатот и со високи +24 поени предност влезе во последните 12 минути игра, во кои го направи последниот чекор кон израмнување на 1-1 во оваа серија. Ленард во одлично издание ги предводеше Репторс со 37 поени, а на потребното ниво беше Лаури со 22 поени, додека Сијакам заврши со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока.

Кај Орландо најрасположен беше Гордон со 20 поени, додека потфрлија хероите од првата средба Огустин и Вучевиќ, кои комбинираа вкупно 16 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=szosl80dWFg

Портланд трејлблејзерс поведе со 2-0 во серијата против Оклахома сити тандер, со новата победа на домашен терен од 114:94. Тандерс ги очекува тешка задача, а шанса за поправен ќе имаат на домашен терен во следните два меча.

Дуото на Портланд, Меколум – Лилард комбинираше 60 поени, бековите остварија сличен учинок како и во првиот меч и токму тие двајца го предводеа домашниот состав до нов успех.

Меколум беше најефикасен со 33 поени, 27 беа дело на Лилард, додека за гостите најразигран беше Пол Џорџ со 27 поени и осум асистенции. Вестбурк одигра далеку под неговото ниво, заврши со скромни 14 поени, иако запиша двоен учинок со 11 успешни додавања за кош.

https://www.youtube.com/watch?v=u8WcC-KGZuo

- Оглас -

Најнови вести