Откако Ајакс уште еднаш ги воодушеви неутралните љубители на фудбалот и го шокираше светот со елиминација на фаворит во Лигата на шампионите, фудбалерите на холандскиот гигант заслужија да се радуваат. Според снимките од соблекувалната на „копјаниците“, предводник во славеничката атмосфера бил Србинот Душан Тадиќ.
Инаку, постарите љубители на фудбалот се сеќаваат дека пред 50-тина години, во 1971 година, кога Ајакс првпат ја освои европската титула, исто како и сега, имаше капитен од Србија. Тогаш Велибор Васовиќ, сега Тадиќ. Иако Ајакс и понатаму не е фаворит за трофејот, момците играат добро и храбро, па којзнае која им е крајната граница на можностите.
Видете како се радуваа по победата во Торино:
https://twitter.com/i/status/1118273896787120131