Бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао, го постигна единствениот гол за Порто во 180-те минути четвртфинална битка со Ливерпул и на убав начин се прости од клубот, кој ќе го напушти летово. За Милитао, ова е последен настап за Порто на меч од ЛШ, па преку „Твитер“ порача дека е горд што игра(л) за Порто.
Милитао, кој е новопечен репрезентативец на Бразил, од следната сезона ќе биде дел од одбранбениот ред на Реал Мадрид. Ова е голот кој тој го постигна против репрезентативниот колега Алисон Бекер.
„Милитао е играч со голем потенцијал. Не ме чуди што Реал Мадрид го купи. Среќен сум што ќе играме заедно за репрезентацијата“, изјави Алисон.
https://www.youtube.com/watch?v=xU6doBx9AaE