Миленикот речиси на сите љубители на кошарката, Лука Дончиќ, беше поздравен со овации од публиката во Мадрид пред синоќешниот меч од четвртфиналето на Евролигата помеѓу Реал и Панатинаикос.
Минатата сезона Реал, предводен од младиот Словенец, ја освои титулата во Евролигата, по што Дончиќ замина во НБА-тимот Далас маверикс и е сериозен кандидат за признанието дебитант на годината. Откако му заврши сезоната во најсилната лига на светот, Лука се врати во Европа и им даваше поддршка на своите другари и довчерашни колеги во битката со ПАО.
Реал, за радост на Дончиќ, во финишот успеа да победи и да поведе со 1-0. Пред почетокот, се одржа мала церемонија во која на Дончиќ му беше порачано: Добредојде дома! Лука го носеше својот дрес со бројот 7 и потоа со пехар од Евролигата се фотографираше со капитенот Фелипе Рејес и повредениот Серхио Љуљ.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=38&v=Mqkr4uHItHU