Наполи може да надополни два гола разлика против „топчиите“

Наполи – Арсенал (21 часот)

Два гола предност не се гаранција за Арсенал, Наполи може многу лесно да ги израмни сметките. Во Неапол се очекува меч каков што беше тој и на „Емирати“, пол со возбудувања и шанси, со тоа што фудбалерите на Анчелоти ќе треба да ја имаат иницијативата. Сите три претходни дуели на овие две екипи завршиле со идентични 2-0, во сезоната 2013/14 Наполи и Арсенал поделија по една победа на домашен терен во групната фаза.

„Топчиите“ со многу подобра форма гостуваат во Италија, имаат само еден пораз во последните шест меча во сите натпреварувања, останатите се победи. Наполи, пак, се разигра против Киево во претходното коло од Серија А, додека претходно загуби од Емполи и ремизираше со Џенова, така што ќе треба да играат на многу повисоко ниво од изминатиов период доколку планираат да останат во борба за трофејот од Лигата на Европа.

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.35) – квота на денот во Sport Life

 

Челзи – Славија Прага (21 часот)

Минималниот триумф на гости од 0-1 го доведе Челзи во поволна позиција пред реваншот во Лондон, но „сините“ допрва треба да го осигурат пласманот во полуфиналето. Славија Прага беше аутсајдер и пред првиот меч, но покажа дека не случајно стигна во крајната фаза од второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Меѓу поразите од двата ливерпулски тимови (пораз од Еверон 2-0, пораз од Ливерпул 2-0), Челзи имаше серија од четири последователни триумфи, а вечерашниот противник е одлична шанса повторно да се врати на тие патеки.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.75) – квота на денот во Sport Life

 

Валенсија  – Вилјареал (21 часот)

Соседското дерби претходниот пат ѝ припадна на Валенсија, а три гола на гости се голема предност за „лилјаците“ во пресрет на реваншот кој ќе се игра на нивната „Месталја“. Сепак, за Вилјареал овие 90 минути ќе служат како шанса да го поправат впечатокот, не се исклучува можноста да направат сензација и да обезбедат пласман во полуфиналето.

Ова ќе биде четврти меѓусебен дуел на Валенсија и Вилјареал. Оваа сезона две пресметки ѝ припаднаа на Валенсија, покрај 1-3 од првиот меч, во шпанското првенство славеше со 3-0, додека на теренот од „жолтата подморница“ немаше победник при ремито без голови.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.75) – квота на денот во Sport Life

 

ЦСКА Москва – Басконија (19 часот)

Рускиот гигант најавува „метла“ за Басконија, според она што го видовме во првиот меч во кој „армејците“ на домашен терен славееа со убедливи 94:68. ЦСКА фати ритам по изненадувачкиот пораз од Казањ во руското првенство, па малку кој очекува дека вечерва ќе се случи чудо и Басконија ќе успее да израмни во оваа серија.

Стратегот Итудис размислува за фајнал-фор и борба за титулата, така што им даде задача на неговите кошаркари што побрзо да ја завршат работата во оваа четвртфинална серија.

Предлог тип: 1 хен. -10,5 (2.15)

 

Фенербахче – Жалгирис Каунас (19:45 часот)

Фенербахче има ист план како и ЦСКА, во три меча да го елиминира Жалгирис и да се подготвува за Ф4 завршницата. Избраниците на Жељко Обрадовиќ пред два дена демонтстрираа речиси перфектна одбрана против Литванците. Во втората и четвртата четвртина примија само по 8 поени, буквално не го оставија Жалгирис да диши.

Ништо поразлично нема да биде ниту вечерва, Фенер оди кон нов триумф и заверка на фавортската улога. Литванскиот тим нема забележано триумф против Фенер во последните пет меѓусебни средби. За да стигне до позитивен резултат, ќе треба да одигра вонсериска партија.

Предлог тип: 1 хен. -11,5 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести