Пирло го лоцираше проблемот зошто Јувентус не може да освои ЛШ

Јувентус и оваа сезона ги разочара своите навивачи кога се работи за натпреварите во Лигата на шампиони. Ниту доаѓањето на Кристијано Роналдо не беше доволно за да се стигне ниту до полуфиналето, а не пак „старата дама“ да се надева на освојување на трофејот.

Легендата на Јувентус, Андреа Пирло, има свое видување за тоа зошто Јувентус сезонава не успеа во ЛШ.

„Верувам дека Марио Манџукиќ не може да биде прв избор на Јувентус за напаѓач доколку клубот сака да ја освои Лигата на шампиони. Потребен им е млад и свеж играч и тоа им е јасно на сите. Според мене, тоа е најголемиот проблем на Јувентус во овој момент. Што се однесува за дуелот со Ајакс, Холанѓаните заслужено се пласираа во полуфиналето“, рече Пирло.

Интересно е што Манџукиќ поради повреда, воопшто не играше за Јувентус во поразот од Ајакс во Торино. На четирите меча во нокаут-фазата, Јувентус даде вкупно пет гола и сите беа дело на Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести