Дузина навивачи на Славија Прага беа вратени од „Стемфорд бриџ“ бидејќи одбија да ги симнат маиците со натпис „УЕФА мафија“, па потоа се пофалија со фотографии на интернет од околните пабови.
Сигурно ќе жалат за потегот бидејќи Челзи и Славија играат неверојатен меч, а по еден час игра резултатот е 4-3 за англискиот тим.
УЕФА строго ги санкционира ваквите испади, а ги има доста, особено кај навивачите на екипите од Истокот на Европа, а меѓу нив се Славија, Легија и уште неколку екипи чии навивачи протестираат на овој начин против европската куќа на фудбалот.