Најсексипилното извлекување на двојки од фудбалски Куп (Видео)

Како најава на некој филм за возрасни, а не извлекување на двојки за фудбалскиот Куп на Литванија изгледаше ждрепката која ги изненади сите кои ја гледаа. Провокативно облечена девојка се појави во студиото, влезе во една специјална стаклена просторија и таму на најнетипичен начин досега беше извршена ждрепката.

Девојката почна да танцува, а камерманот да снима од жабја перспектива, па целиот пренос изгледаше како да се снима некој еротски филм, а не ждрепка за Купот на Литванија. Целото ова шоу одеше директно на националната литванска телевизија. Од Фудбалската федерација на Литванија велат дека тоа не било нивна идеја.

„Идејата беше на човекот задолжен за маркетинг и комуникација. Тоа беше замислено така за да привлече поголема гледаност, но очигледно е дека девојката не беше соодветно облечена. Првично беше договорено ждрепката да ја прават неколку славни личности и не знам зошто ова се случи“, се правдаше портпаролот на Литванската фудбалска федерација, Едгарсон Станкевичиус.

За тоа како изгледаше целото шоу на ждрепката може да погледнете ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести