Регионалната СЕХА-лига од следната сезона ќе се прошири до Кина. Челниците на ова натпреварување одлучија дека во сезоната 2019/20 ќе игра и тимот на Поканг Спорт Универзитет.
„Деветтата сезона во СЕХА-лигата ќе донесе многу новости. Една од нив е и вклучување на кинескиот тим Поканг Спорт Универзитет, што ќе означи и нова ера во ракометот во регионот. Наша цел е да ги прошириме хоризонтите, да освоиме нови пазари, а со овој потег тоа го направивме и надвор од Европа“, вели првиот човек на СЕХА, Михајло Михајловски.
Вардар е актуелен шампион во СЕХА-лигата, а покрај „црвено-црните“, следната сезона ќе игра и второпласираниот тим во македонското првенство.