Koвач одговори по бунтот во Баерн: Ова е само фаза

Во редовите на Баерн Минхен се почувствува незадоволство по наредените три натпревари без победа, во кои „баварците“ одиграа две реми ( 1-1 со Аугзбург и 1-1 со Ајакс) и поразот од Херта од 2-0 во последното коло од германскиот шампионат. Играчите во соблекувалната се бунат за начинот на кој Нико Ковач раководи со екипата, односно неколку првотимци не се задоволни што хрватскиот стратег премногу се потпира на ротирање на составот. Ковач денес посочи дека ова е само фаза која се појавува кај сите екипи, не само кај нив, но вели дека играчите ќе мора да го подигнат нивото на игра во следниот период, со цел да ја пребродат оваа лоша форма.

„Не барам изговори, но ние сме единствената екипа која се соочува со вакви проблеми. И останатите клубови ќе имаат лош период, негативни резултати, прашање е само како ќе се справат со тој проблем и колку време ќе трае таа фаза. Во Баерн секогаш посто притисок, сите очекуваат да победуваме на секој натпревар, а ние го сакаме истото. Притисокот може да претставува предизвик, затоа играчите мора да ги завратат ракавите и тоа ќе го направат“, истакна Ковач во пресрет на мечот против Менхенгладбах и додаде:

„Нашата екипа точно знае во кој сегмент е најсилна, а во кој сегмент е најслаба. Во текот на полувремето го анализираме сето она што го правиме добро, но и лошо на теренот. Едно е што кажувам јас, второ е она што јас го гледам, а трето е она што можам да го сменам во текот на мечот. Не секогаш е возможно да се сменат нештата во истиот момент. Да е тоа можно, би победувале на секој натпревар. Но, едноставно во фудбалот тоа така не оди, исто како и во животот“, додаде Ковач.

Баерн Минхен во 18:30 часот на „Алијанц“ арената го печекува тимот на Б. Менхенгладбах, во обид да останат во чекор со Дортмунд кој сега е на чело на табелата во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести