На Надал не му пречи ветерот како на Ѓоковиќ

Рафаел Надал го победи Аргентинецот Гуидо Пелја со 7-6, 6-3, и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, каде за противник ќе го има Хрватот Борна Чориќ или Италијанецот Фабио Фоњини.

Надал кој е најтрофеен тенисер на светот според бројот на титули на земјена подлога, не ја повтори грешката на првиот носител Новак Ѓоковиќ, кој киксираше против Данил Медведев, па Србинот пропушти шанса уште повеќе да ја зголеми предноста на АТП листата.

Ѓоковиќ на кого главната цел му е титула на „Ролан Гарос“, на земја не е во форма како на тврда подлога, и се вадеше рече дека му пречел ветерот кој често го менувал правецот, па не можел да фати ритам. И Надал се согласи со Новак дека ветерот е проблем, но додаде дека тоа е нормална појава кога се игра на отворен простор, и секој играч мора да се прилагоди на условите.

- Оглас -

Најнови вести