Во пресрет гостувањето на „Сент Мери“ против Саутемптон, менаџерот на Челзи, Маурисио Сари, ја отрки стратегијата која ќе го стимулира Еден Азар да постигне голем број на погодоци за „сините“. Белгиецот е во неверојатна форма од почетокот на сезоната, моментално е најдобар стрелец во шампионатот со шест погодоци, а има и две асистенции, а неговиот тренер сака да продолжи со голгетерската серија, кога тој е расположен , секој негов потег е круцијален за тимот од Лондон.
„Лесно е да бидеш тренер на играч како што е Еден Азар. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, не ми треба посебна стратегија за него. Само му давам слобода да се забавува на теренот, а тој со своите квалитети го прави она што го знае најдобро, да помога на тимот да остварува позотивни резултати. Сѐ додека е тој среќен, ќе игра на високо ниво, може да постигне голем број на погодоци, тоа го кажав и претходно, а би бил уште подобар ако биде поагресивен“, изјави Сари.
Натпреварот Саутемптон – Челзи е закажан за утре, во терминот од 15:15 часот.