Арсенал е разигран, Кристал Палас нема шанси во дербито на Лондон

Манчестер сити – Тотенхем (Сабота, 13.30 часот)

Би сакал да гледаме реприза од неверојатниот меч што го одиграа во средата во Лигата на шампионите, но овојпат мислам дека нема да биде толку лудо, со четири голови за десеттина минути и со такви пресврти. Тоа е англискиот фудбал, секогаш динамичен, возбудлив и непредвидлив.

Бодовите им требаат и на двете екипи, но сега и покрај елиминацијата во Лигата на шампионите Манчестер сити е во подобра позиција. Им останаа два фронта, првенството каде имаат добри шанси да ја одбранат титулата и финалето на ФА купот, кое сепак е далеку и ќе се игра за еден месец.

Очекувам нов ефикасен меч и победа на домаќинот против Тотенхем, кој мора да мисли и на двомечот во Лигата на шампионите против Ајакс.

Предлог тип: 1&3+ (1.66)

 

Вест Хем – Лестер (Сабота, 16 часот)

Ова е меч без преголемо резултатско значење и за двете екипи. Вест Хем знае да биде ефикасен, иако во последно време играат под очекувањата, а верувам дека и Лестер денеска ќе одигра за гол повеќе.

Домаќините ќе се обидат да ја сопрат серијата од неуспеси на домашен терен против „лисиците“, немаат победа од 2014 година и очекувам денеска да ги освојат бодовите.

Предлог тип: 1&3+ (4.50)

 

Вулверхемптон – Брајтон (Сабота, 16 часот)

Волците на шокантен начин испаднаа во полуфиналето на ФА купот, па тоа може да остави трага на нив во финишот на Премиерлигата.

Брајтон игра слабо и си го загрози и опстанокот, па не смее да загуби денеска. Очекувам голови на двете страни и реми на „Молињу“.

Предлог тип: Х (3.40)

 

Њукасл – Саутемптон (Сабота, 18.30 часот)

И двете екипи се речиси сигурни за опстанок во Премиерлигата, па очекувам да одиграат ефикасно денеска. Рафа Бенитес успеа да го доведе Њукасл во безбедната зона, а одлично му оди и на новиот тренер на Саутемптон, Ралф Хазенхитл.

Саутемптон со добри игри и резултати успеа да побегне од опасната зона, игра ефикасно и очекувам најмалку четири голови на дуелот на старите ривали во Премиерлигата.

Предлог тип: 4+ (4.45)

 

Арсенал – Кристал Палас (Недела, 17 часот)

И овде очекувам да се игра ефикасно. Арсенал и не знае поинаку, а Кристал Палас ќе биде мотивиран против фаворитот во градското дерби на Лондон.

Топчиите ја стабилизираа формата, играат добро и во Премиерлигата и во Европа Лигата, што е одлично за нив во финишот на сезоната.

Домаќините имаат поквалитетен тим, иако Кристал Палас знае да биде незгоден тим за фаворитите. Сепак му давам предност на Арсенал и очекувам да ги освојат бодовите.

Предлог тип: 1&2-3 гола (3.35)

 

- Оглас -

Најнови вести