Грчкиот фудбалер Јанис Пану по одлуката на тренерот на неговиот тим, наместо во средината на теренот, доби задача да брани, мораше да застане на голот, а бидејќи за време на мечот врнел силен дожд, мајката на Јанис се сожалила и дошла на терен му држи чадор, за колку-толку да не накисне.
На фотографијата се гледа дека Пану е опуштен, и веројатно неговиот тим напаѓал, па тој немал премногу работа, и можел да си дозволи да позира со мајка му.
Според грчките медиуми, оваа несекојдневна ситуација се случила на мечот помеѓу Камена Вурла и Парнасос Амфиклија. Мајката заштитник стоела покрај синот цели 90 минути.