Домашните екипи има 100-отстотен ефект во попладневните натпревари од германската Бундеслига, а најмногу причини за радост имаа Баерн Минхен и Аугзбург.
Баварците на претходните шест меча имаа дадено 27 гола, а денеска против Вердер се мачеа да постигнат и еден. Дефанзивецот Никлас Силе беше јунакот кој го најде патот до мрежата на гостите од Бремен. Баерн до последен момент се тресеше, бидејќи Вердер имаше дадено гол на сите мечеви сезонава. Од 57 минута, Вердер беше со човек помалку, по исклучувањето на Вељковиќ, па за првпат сезонава не ја затресоа мрежата на противникот.
Сега Баерн има четири бода плус во однос на Борусија Дортмунд која утре му гостува на Фрајбург и нема право на кикс, ако сака да остане во сериозна конкуренција за титулата.
Аугзбург првпат после четири години даде три гола в едно полувреме, а и тогаш жртва им беше очајниот Штутгарт. Овојпат, за 29 минути поведоа 3-0 и го решија победникот, а до крај на гостите им дадоа уште три гола. Аугзбург за првпат во својата клупска историја, постигна 6 меча на дуел од Бундеслигата.
РЕЗУЛТАТИ: Аугзбург – Штутгарт 6-0, Баер Леверкузен – Нирнберг 2-0, Баерн Минхен – Вердер 1-0, Мајнц – Фортуна Дизелдорф 3-1.