Кристијано за Велигден во Дубровник

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, после прославата на титулата во Серија А, синоќа со приватен авион заминал во Дубровник, каде ќе биде за време на католичкиот Велигден.

Според некои хрватски медиуми, Роналдо на аеродромот „Чилипи“ слетал синоќа околу 22.30 часот, што е само три часа после завршувањето на мечот на Јуве со Фиорентина на кој „старата дама“ ја прослави новата титула.

Засега нема потврда дека португалската ѕвезда навистина е во Дубровник со својата вереница Георгина, па неговите следбеници се во исчекување на објавување на некоја фотографија на социјалните мрежи на која ќе се види дека Роналдо е во Дубровник. Не се знае колку долго ќе се задржи во земјата на неговиот соиграч Марио Манџукиќ, бидејќи Јувентус веќе на 27 април треба да игра дерби со Интер.

- Оглас -

Најнови вести