Радоста кај навивачите на германскиот третолигаш Оснабрик после победата над Ален од 2-0 беше огромна, бидејќи домашниот тим обезбеди место во втората Бундеслига, позната како Цвајта.
Од снимките може да се види дека фановите одвај чекаа да заврши мечот и да влетаат на терен за да прослават заедно со фудбалерите. „Лудницата“ на преполниот стадион „Бремер Брук“ траеше долго после последниот судиски свиреж.
Покрај Оснабрик, главен кандидат за директен пласман во Цвајта е некогаш еден од најсилните германски тимови, Карлсруе, а до крајот во третата лига има уште четири кола.
Погледнете мал дел од големото славје: