Клоп: Колку загуби Јунајтед? 3-0? 4-0? Се надевам дека ќе биде подготвен за дуелот со Сити

Ливерпул е лидер во Премиер лигата, но сепак Манчестер сити го има адутот во трката за титулата во Англија. За да остане на челната позиција, Ливерпул се надева на кикс на „граѓаните“. Најголема шанса за такво нешто е на дуелот на Сити против градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Лоша вест за Ливерпул е тоа што Јунајтед е во очајна форма. Тимот загуби на шест од последните осум меча, а денеска доживеа дебакл на гости од Евертон со 0-4. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, верува дека „црвените ѓаволи“ ќе бидат подготвени за градското дерби кое се игра в среда.

„Немаме никакво влијание на мечот кој ќе се игра в среда. Колку загуби Јунајтед денеска? 3-0? 4-0? Не ми изгледа тоа како резултат за Јунајтед. Знам дека Сити ќе биде подготвен за градскиот дуел, се надевам дека и Јунајтед ќе биде“, рече Клоп.

Ливерпул верува дека може да стигне до првата титула во англиско првенство по паузата од 1990 година.

- Оглас -

Најнови вести