Атлетико Паранаенсе го доби финалето на шампионатот во бразилската држава Парана по исклучително драматична завршница и изведување на пенали против Толедо, а потегот на мечот беше дело на Габриел Поведа.
Тој погоди во втората серија, а потоа слабо броеше и прерано му влета во прегратки на својот голман радувајќи се на триумф во финалето.
Голманот Лео се обиде да го смири својот соиграч, кој брзо сфати дека е утка и дека пенал-серијата треба да продолжи. За среќа на Поведа, Силва Оливеира погоди во шестата серија, а домаќините без утат пенал победија во финалниот двомеч со Толедо.
Погледнете ја радоста на Поведа и комичната реакција откако разбра дека слабо стои со математика.