Кристијано Роналдо се вклучи во лобирањето на Јувентус за ангажман на еден од најдобрите млади играчи во Европа, Жоао Феликс од Бенфика.
Двајцата фудбалери ги застапува ист менаџер, ЖоржМендеш, па јасно е кој е фаворит во трката за ангажман на 19-годишниот бисер на португалскиот, но и на светскиот фудбал.
Феликс блеска сезонава, дава голови како од шега и се наметна како еден од најголемите таленти на Стариот Континент, а клаузулата што ја има одредено Бенфика е огромна и изнесува 120 милиони евра.
Манчестер сити сака да ја плати таа сума, се интересираат и Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, но сега Јувентус е во прв план, најмногу благодарение на авторитетот на Роналдо. И двајцата се членови на португалската репрезентација. Според „А Бола“, Кристијано му е идол на младиот Феликс и тоа може да биде пресудно каде 19-годишниот талент ќе ја продолжи кариерата, објави португалскиот медиум.