Како што му доликува на првакот, Реал Мадрид прв полуфиналист во Евролигата

Реал Мадрид експресно со три победи по ред го елиминира Панатинаикос во четвртфиналната серија, а печат на пласманот во полуфиналето стави вечерва, со триумф во Пиреа од 89:82.

Актуелниот европски првак е првиот патник во полуфиналето, а грчкиот тим не успеа да се спротивстави. Факундо Кампацо и Руди Фернадес беа лидери на гостите од Мадрид во победата вечерва, а и двајцата постигнаа по 16 поени.

Ентони Рендолф постигна 14 поени, а Реал беше пресилен во серијата за Панатинаикос. Кај домаќините и на мечот најефикасен беше бекот Ник Калатес со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести