Ајакс со задоволство ќе му плати на Саутхемптон бонус од 2,3 милиони евра за Душан Тадиќ, а Копјаниците од Амстердам се асполутни победници на ланскиот летен преоден рок. Го вратија Тадиќ од Англија и за него платија 11,4 милиони евра, а српскиот репрезентативец им враќа повеќекратно со неверојатни игри, голови и асистенции.
Тадиќ вечерва постигна два гола, имаше една асистенција и ја мина магичната граница 50 во вкупен збир на голови и асистенции.
Досега постигна 34 погодоци сезонава во сите натпреварувања за Ајакс, има и 17 прецизни додавања по кои неговите соиграчи ја тресеа противничката мрежа, па инвестицијата и потегот на клубот од Амстердам да го врати Душан во холандскиот фудбал (играше за Твенте) од Саутхемптон е еден од најдобрите во историјата на фудбалот.
Ајакс го победи Витезе со 4-2 и остана во трката со ПСВ Ајндховен за титулата во Холандија, а го чека и полуфинале во Лигата на шампионите и двомеч со Тотенхем.
Популарните Копјаници имаат и финален меч со Вилем Втори во Холандскиот куп на 5 мај, па имаат шанси за триплета сезонава.