Барселона го победи Алавес на гости со 2-0, стигна до 80 бодови на лидерската позиција и ја продолжи низата од 22 меча без пораз.
Карлес Алења и Луис Суарес постигнаа по еден гол во второто полувреме за нов успех на лидерот во Ла Лига. Алавес не успеа да му се спротивстави на фаворитот, а на Барса ѝ треба уште малку за нова титула во Шпанија.
Со меч повеќе и 4 дуели до крајот на првенството, Каталонците имаат 12 бодови повеќе од Атлетико Мадрид, единствената екипа која има шанси да го стигне лидерот.
Алавес е на осмата позиција, прва која не води во Европа, а Шпанија ќе има дури седум места и екипи кои ќе играат во ЛШ или во Лигата на Европа.