Погба признал дека си оди од Манчестер, се знае и кој е неговиот следен клуб

Пол Погба си оди од Манчестер јунајтед на крајот од сезоната, пренесува францускиот весник „Лекип“. Според пишувањата, Погба веќе им соопштил на соиграчите дека ќе си замине од „Олд Трафорд“, а се знае и неговиот следен клуб. Реал Мадрид ќе биде екипата за која францускиот репрезентативец ќе игра во новата сезона.

Манчестер јунајтед во јуни 2016 година го врати Погба во клубот и тоа за тогаш рекордна сума од 106 милиони евра. Сепак, тој не се снајде најдобро како што се очекуваше, иако неспорно е дека има врвен квалитет, што го покажа во дресот на француската репрезентација со која стана светски првак на Мундијалот во Русија, минатата година.

Најтрофејниот англиски клуб до крајот на сезонава ќе се бори за место кое води во Лигата на шампиони, но ќе има тешка задача, бидејќи моментно е на шестата позиција, а Арсенал, Челзи и Тотенхем се во многу подобра ситуација. Ако Манчестер не се квалификува за ЛШ, Погба ќе добие 25 отсто намалување на платата, па наместо 17,3 милиони евра, следната сезона ќе заработи 13 милиони евра за играње на „Олд Трафорд“.

Погба јавно коментираше дека е разочаран од играта, но и од дел од соиграчите по бламажата против Евертон и поразот од 4:0. Тогаш и соопштил дека ќе си оди, а негова следна дестинација треба да биде Реал Мадрид. Кралскиот клуб од Мадрид го има Погба како еден од трите големи посакувани засилувања во летниот период. Како што се одвиваат работите, можно е овој трансфер и многу скоро да се реализира.

Додека се слушаат сите овие шпекулации за заминувањето на Погба, Манчестер јунајтед вечерва го очекува важен меч во трката за подобра позиција во Премиер лигата. На „Олд Трафорд“ се игра големото градско дерби против Манчестер сити. На Јунајтед му требаат три бода во трката за место кое води во ЛШ, а „граѓаните“ мора да победат за се искачат на врвот во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести