Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор во УФЦ 229, борбата на деценијата. Во рингот во Лас Вегас, шампионот Нурмагомедов доминираше во текот на четирите рунди и на крајот стигна до 27 победа во 27 меч. За Мекгрегор ова е четврти пораз во кариерата.
Уште од самиот почеток на борбата, Хабиб успеа да го фрли Мекгрегор на подот и имаше целосна контрола, но не успеа ништо посебно да го разниша Ирецот. На почетокот на втората рунда, Дагестанецот со силен удар го бутна противникот и повторно ја имаше иницијативата. Овојпат му зададе неколку силни удари, но Ирецот издржа и во оваа рунда.
Третата рунда беше во знакот на Мекгрегор. Ирецот успеа да возврати и да му зададе неколку удари на Хабиб. Оваа рунда дефинитивно беше негова, но сепак тоа беше премалку. На почетокот на четвртата рунда, веќе видена слика. Мекгрегор на подот, а Хабиб во напад. Во еден момент успеа толку силно да ги стисне околу вратот, па Мекгрегор беше принуден да попушти и се предаде.
Conor McGregor taps! Khabib Nurmagomedov is still UFC lightweight champion! #UFC229 pic.twitter.com/V9Dp9D5fvh
— Ryan Songalia (@ryansongalia) October 7, 2018
Откако заврши мечот се случи вистински хаос. Наместо да слави, Хабиб веднаш ја прескокна оградата и влета во публиката, каде сакаше да се тепа со дел од поддржувачите на Ирецот. Се случи општа тепачка, реагираше и полицијата. Потоа фајтерот повторно се врати во рингот, каде почна тепачка меѓу членовите на двајцата борци.
https://twitter.com/EllisGodlike/status/1048802711863484417
За среќа на крајот никој не беше потешко повреден.