Премиерлигашките фудбалери го одбраа Вирџил ван Дајк за фудбалер на годината во Англија, а официјално резултатите ќе бидат објавени утре.
Стоперот на Ливерпул победи во неизвесна трка со Рахим Стерлинг, објави „Дејли мејл“. Шестмина фудбалери останаа во најтесен круг за најдобар фудбалер во Премиер лигата, а Холанѓанецот ја доби трката.
Ван Дајк е осмиот фудбалер на Ливерпул што ја добива наградата и прв одбранбен играч по Џон Тери во 2005 година.
Лани Мохамед Салах беше најдобар играч во Премиер лигата, што значи дека двајца фудбалери на Ливерпул две години по ред ја освојуваат наградата.