Само еден гол во 180 минути на двата меча меѓу Милан и Лацио го одлучи патникот во финалето на Купот. Кореа по асистенција на Имобиле, погоди на „Сан Сиро“ во 58-мата минута, а до крајот гостите успеаја да се одбранат. Милан даде гол во 76-тата минута, но беше поништен поради офсајд.
Првиот меч во Рим заврши 0-0, што значи дека погодокот на Кореа значеше и пласман во финалето на Лацио. За „небесносините“ ова ќе биде јубилејно 10-то учество во финалето, а прво по 2016 година.
Утре се игра реванш-дуелот од второто полуфинале меѓу Аталанта и Фиорентина. Првиот меч на „Артемио Франки“ заврши 3-3.