Гвардиола скоро пола година не ја соблече сивата јакна

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е познат и по тоа што ја сака модата, тој понекогаш личи на холивудски актер, но во последно време не е преокупиран со тоа каква облека носи додека ги води натпреварите на тимот.

Сивата плетена јакна на Шпанецот е редовен дел од неговата облека во последно време, поточно од крајот на 2018 година наваму. Станува збор за модел на италијанската марка „Херно“, а цената на јакната е 1.300 евра.

Во минатото, додека ги водеше Барса и Баерн, Гвардиола носеше претежно скапи одела, кошули со елеци, често пати украсени со голем шал. Интересно е што додека се облекуваше така, претежно додека ја водеше Барселона, освојуваше титули во Лигата на шампионите. Со Сити никако не успева да се качи на кровот на Европа, иако откако тој е во Манчестер, клубот за засилувања потроши 608 милиони евра. Последната европска титула му е од 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести