Французин со невиден пенал ги надмина Паненка и Рамос (Видео)

Австралискиот фудбалски клуб Бризбејн роар, кој во понеделникот стана познат кај пошироката јавност со ангажирањето на Роби Фаулер како тренер, повторно се најде во центарот на вниманието, и тоа поради необичен и мајсторски погодок од пенал.

Фаулер не го водеше тимот на средбата со Аделаида јунајтед, но гледаше од трибините и беше сведок на невидениот начин на изведување пенал. Реализатор беше 31-годишниот Французин Ерик Ботеак. Тој изведе своевидна „Паненка“, но топката не леташе по воздух, туку патуваше по земја и влезе во средината на голот откако голманот на Аделаида веќе падна на страна и немаше време да стане и да одбрани. И покрај голот каков што досега немаше дадено никој, Бризбејн загуби со 3-5.

Погледнете го голот:

https://www.youtube.com/watch?v=AlrU0geKqRw

- Оглас -

Најнови вести