Кралот Џејмс се уште е главна марка во НБА лигата

Дресот на Леброн Џејмс е најпродаван во НБА, според податоците на „NBAstore.com“, а популарниот „крал“ на кошарката се уште е главна марка, иако имаше неуспешна сезона и со Лос Анџелес лејкерс не успеа да се пласира во плејофот.

Изненадување, или не и во клупска конкуренција со останатите клубови во НБА, Лејкерс продаваат најмкногу дресови.

Зад Леброн е Стефон Кари, потоа следи продажбата на дресови на Јанис Адетокумбо, Кајри Ирвинг и Џоел Ембид.

Во топ-15 има н ајмногу кошаркари на Филаделфија, триото Ембид, Симонс и Батлер. Од европските кошаркари најмногу „одат“ дресовите на руки сензацијата Лука Дончиќ на 13. позиција.

Во конкуренција на клубови на врвот се Лејкерс, пред шампионот Голден стејт вориорс, Бостон селтикс, Филаделфија и Милвоки. Во топ-10 ја нема според Форбс најскапата франшиза во НБА лигата, тимот на Њујорк никс, кој имаше очајна сезона и пад на продажбата на дресови.

Топ-15 најпродавани дресови на кошаркари:

Леброн Џејмс (Л.А лејкерс)

Стефон Кари (Голден стејт вориорс)

Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс)

Кајри Ирвинг (Бостон селтикс)

Џоел Ембид (Филаделфија 76)

Џејмс Харден (Хјустон рокитс)

Расел Вестбрук (Оклахома тандерс)

Кевин Дурант (Голден стејт вориорс)

Бен Симонс (Филаделфија 76)

Џими Батлер (Филаделфија 76)

Двејн Вејд (Мајами хит)

Пол Џорџ (Оклахома тандерс)

Лука Дончиќ (Далас маверикс)

Демиен Лилард (Портланд трејлблејзерс)

Џејсон Тејтум (Бостон селтикс)

 

 

- Оглас -

Најнови вести