Бразил е првата земја од јужноамериканскиот континент која воведува ВАР-технологија во најквалитетното национално првенство. Досега се употребуваше во куп-натпреварувањата и пониските лиги, а со стартот на новата сезона во бразилската Серија А, судиите ќе имаат помош при носење одлуки од најновата технологија кога сè повеќе се проширува во фудбалскиот свет.
Прв судија кој ќе го најави дебито на ВАР-техонологијата е Хебер Роберто Лопес, кој ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Сао Паоло и Ботафого, на отворањето на новата сезона.
Новата сезона стартува утре со веќе споменатиот меч, кој е закажан за 21 часот.
Веќе од претходно е познато дека ВАР-технологијата ќе се употребува и на Копа Америка ова лето, откако успешно го мина главниот тест на Светското првенство во Русија.