Гвардиола самобендисан: Ова е најдобриот тим во историјата на Премиер лигата

Манчестер сити ги доби двата дерби мечеви против Тотенхем и Манчестер јунајтед во Премиер лигата и сега „граѓаните“ се во пол-позиција во трката за титулата со Ливерпул. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола бил толку задоволен по триумфот на „Олд Трафорд“ и воопшто не ги штедел пофалбите кон неговите фудбалери. Шпанскиот стратег верува дека го има најдобриот тим во историјата на Премиер лигата.

Кога завршило градското дерби против Јунајтед, Гвардиола во соблекувалната на своите фудбалери им рекол „Поради тоа вие сте најдобриот тим што некогаш се појавилво историјата на Премиер лигата!“. Со оваа изјава на Гвардиола не се сложуваат многумина кои ја следат Премиер лигата од нејзиното формирање во 1992 година.

Сити е актуелен шампион на Англија, а сега му остануваат уште три меча за да го одбрани тронот. Ако ги освои сите девет бодови, на Сити воопшто нема да му биде битно какви ќе бидат резултатите на Ливерпул до крајот на сезоната. Следниот предизвик на Сити ќе биде гостувањето кај Барнли в недела.

За тоа каков е распоредот на Сити, а каков на Ливерпул до крајот погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести