Борусија Дортмунд – Шалке 04 (Сабота, 15.30 часот)
Иако е големо дерби во Германија и не секогаш формата го одлучува победникот, сепак мислам дека Борусија е многу поблиску до победа.
Шалке игра многу лоша сезона, опстанокот се уште им виси и според мене нема што да бараат денеска на Регионалното дерби на „Рур“.
Очекувам домаќините од почетокот на мечот да тргнат во офанзива и ќе типувам победа на Борусија со предност и на полувремето, сето тоа зачинето со најмалку 3 гола.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.50)
Фортуна Диселдорф – Вердер (Сабота, 15.30 часот)
Вердер уште е во игра за позициите кои водат во Европа, додека Фортуна нема никаков резултатски императив. Тимот од Диселдорф направи подвиг и успеа да се избори за опстанок, игра одлично и сега во ситуација кога играчите се растеретени, па очекувам ефикасен меч.
Вердер го претрпе првиот, а потоа веднаш и вториот пораз во 2019 година и двата од Баерн, но очекувам брзо да се врати во ритам.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.77)
Ајнтрахт Франкфурт – Херта (Сабота, 15.30 часот)
Сезонава и разликата во класа и во форма е на страната на мојот поранешен тим, Ајнтрахт. Ги чека и полуфинале во Европа Лигата, но имаат млад тим и нема да им биде тешко да го издржат згуснатиот распоред.
Херта е во лоша серија од шест меча без победа, играат некако и немотивирано, па не гледам на кој начин можат да го изненадат Ајнтрахт. Домаќините нема да пропуштат шанса да победат против гостинот од Берлин, кој е во лоша форма и има доста проблеми и со повредени фудбалери.
Ајнтрахт сака да ја задржи четвртата позиција која води во Лигата на шампионите и типувам дека ќе победи со најмалку три гола на мечот.
Предлог тип: 1&3+ (1.90) Супер тип Sport Life
Лајпциг – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)
Лајпциг во континуитет игра добро и тоа не само оваа сезона. Повторно е речиси сигурен учесник во Лигата на шампионите, а очекувам третото место да го потврди со победа против Фрајбург.
Гостите се сигурни дека и следната сезона ќе играат во Бундеслигата, што е успех за нив, но против една од најдобрите екипи во Германија сезонава нема што да бара.
Лајпциг нема пораз на домашен терен во Бундеслигата против Фрајбург и ја очекувам нивната четврта победа во петтиот меч на „Ред Бул“ арената во Лајпциг.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)
Штутгарт – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 18.30 часот)
Штутгарт е една од најслабите екипи во Бундеслигата и како игра и не заслужува опстанок. Поразот од 0:6 на гостувањето кај Аугсбург мислам дека ги дотолчи, а на гости им доаѓа одличната екипа од Менхенгладбах.
Иако овој меч за домаќините е „да се биде, или не“ сепак верувам во квалитетот, а тој е на страната на играчите на Борусија.
Гостите се уште имаа добри шанси за да се најдат во елитата на европскиот фудбал следната сезона и да играат во Лигата на шампионите. Очекувам двојка и бодовите да заминат за Менхенгладбах.
Предлог тип: 2 (2.00)