Валтери Ботас од Мерцедес оствари најдобро време на квалификациите по улиците во Баку, и утре ќе тргне од пол-позицијата на трката за Големата награда на Азербејџан. Покрај финскиот пилотот на Мерцедес, за кого ова е осма пол=позиција во кариерата, во првиот ред ќе биде и неговиот клупски колега Луис Хамилтон, а трето време имаше Себастијан Фетел од Ферари.
Најголем губитник беше Шарл Леклер кој беше одличен на тренинзите, но во втората официјална квалификациска сесија, со Ферарито удри во заштитната ограда и на трката ќе тргне дури од 10-тата позиција. Младиот Леклер не можеше да си прости, им се извинуваше на сите во тимот и на навивачите, велејќи дека е глупав, оти нема оправдување, но најави дека грешката ќе ја поправи утре на трката за кога вети голема борба.