ПСЖ избезумен во Кјелце, „светците“ загубија со 10 гола разлика!

Реванширање за сите пари, Кјелце го растури ПСЖ со конечни 34-24 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Полскиот состав го направи првиот чекор кон фанјл-фор, но и кон одмазда против францускиот првак, бидејќи ПСЖ минатата сезона во истата фаза го елиминираше Кјелце.

По иницијативата на ПСЖ во воведните минути, домаќините ја презедоа контролата на средбата со серија од 4-0, за на паузата Кјелце да замине со високи +5 (16-11). Избраниците на Раул Гонзалес успеаја да ја намалат разликата само до три гола, а потоа следуваше нов налет на Кјелце, за на крајот да слават сосема заслужено со огромни +10 гола разлика.

Кулеш и Каралек со по шест погодоци го предводеа составот на Талант Душебаев, а Циндриќ ги следеше со пет гола. За поразените не беа доволни ниту 11-те погодоци на Генсхајмер.

Реваншот во Париз е закажан за 5 мај, со почеток од 17 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести