Екипите на Струга Трим Лум, Лабуништа и Гостивар победија во денешните мечеви од осмото коло во втората лига Запад. Струга до триумфот од 1-0 на гостувањето кај Скопје дојде со погодокот на Александар Василев во 13-тата минута и го задржа врвот со два бода предност во однос на Лабуништа и Гостивар. Гостиварците славеа на гостувањето против Велазерими, додека Лабуништа го совлада Пелистер.
На Истокот, конечно се најде тим кој нема да загуби од велешки Борец. Кит-Го во Пехчево одигра 1-1 против лидерот, кој во 86-тата минута се извлече од пораз. Сега Тиквеш е втор, со четири бода зад Борец.
РЕЗУЛТАТИ ЗАПАД:
Велазерими – Гостивар 0-2, Лабуништа – Пелистер 2-1, Кораби – Тетекс 2-1, Скопје – Струга 0-1, Генч Калемлер – Гоблен јуниор 1-1.
РЕЗУЛТАТИ ИСТОК:
Кит-Го – Борец 1-1, Брегалница – Плачковица 2-0, Тиквеш – Партизан Обршани 3-1, Вардар Неготино – Кожуф 1-2, Детонит јуниор – Каменица Саса 2-2.