Валенсија нема победнички рецепт за Еибар и денеска загуби на „Месталја“ со 0:1, што им е шести меч по ред без триумф против тимот од Баскија.
Домаќините бијат битка за позиции кои водат во Лигата на шампионите, но сега шансите им се драстично намалени. Офанзивата на популарните „лилјаци“ во финишот на мечот ја казни Шарлс со погодок во 90. минута.
Еибар со бодовите на „Месталја“ и дефинитивно си го запечати настапот во Ла Лига и следната сезона, а е само втората екипа сезонава во шпанското првенство со две победи против Валенсија.
Избраниците на Марселињо имаат шанса да обезбедат настап во ЛШ, ако го освојат пехарот во Европа Лигата, а во полуфиналето ги чека двомеч со Арсенал.