Како на никој во Англија да не му се оди во Лига на шампионите

Манчестер јунајтед и Челзи одиграа 1-1 во дербито на колото во англиската Премиерлига, со што трката за третото и четвртото место се разгорува уште повеќе. Во ова коло, ниту еден од четирите кандидати за третото и четвртото место не победи, па последните две кола ќе бидат супер интересни, не само за титулата, туку и за тоа кој ќе оди во групната фаза од Лигата на шампионите. На две кола до крајот, Тотенхем е трети со 70 бода, следува Челзи со 68, па Арсенал со 66, а Манчестер јунајтед е шести со 65.

Домашните поведоа во 11-та минута со голот на Хуан Мата. Шпанецот е втор играч после Марк Хјуз, кој во дресот на Челзи дал гол против Манчестер, и како член на Јунајтед погодил против Челзи.

И голот за лондонскиот клуб беше дело на шпански фудбалер. Левиот бек Маркос Алонсо ја искористи грешката на сонародникот Давид Де Геа и погоди во 43 минута. Алонсо откако дебитираше за Челзи во септември 2016 година, има дадено 15 гола, четири повеќе од бико јој друг премиерлигашки дефанзивец во овој период.

Челзи во 2019 година има само две победи и тоа против Фулам и Кардиф, тимови кои најверојатно ќе испаднат. Критичарите сметаат дека причина е слабата игра на Еден Азар кој игра супер на „Стемфорд бриџ“, но потфрла на гостувањата.

- Оглас -

Најнови вести