Седум фудбалери на турскиот прволигаш Аланијаспор се во критична состојба, додека еден играч им подлегна на повредите во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера. Минибусот кој клубот го изнајмил како превоз кон дома за дел од екипата по гостувањето кај Кајсериспор, се преврте по што животот го загуби чешкиот фудбалер Јосеф Шурал.
Меѓу повредените се Папис Сисе (поранешен играч на Њукасл), Стив Колкер, Длајма, Бајано, Велинтон и Саки, кои веднаш биле пренесени во најблиската болница, а според првите информации речиси сите се во критична состојба.
Поголемиот дел од екипата како и стучниот штаб, за назад се враќале со тимскиот автобус, додека некои биле приморани да се снаоѓаат со превоз.
„Според информациите кои ги добив од шефот на полицијата, двајцата возачи на минибусот заспале“, изјави претседателот на Аланијаспор, Џавушоглу.
Шурал беше играч за врска, животот го загуби на 28 години. Тој ова лето се пресели во Турција од редовите на Спарта Прага, а во кариерата ги бранеше боите на Брно и Слован Либерец. За репрезентацијата на Чешка запиша 20 настапи.
We are terribly sorry that Josef Šural Czech player of Alanyaspor passed away due to a traffic accident. We offer condolences to his family, his club and the supporters. pic.twitter.com/oUUVHeMDbj
— Football Turks (@FootballTurks) April 29, 2019