Котур го „кутна“ Колорадо за брејк на Сан Хозе, Колумбус поведе против Бостон

Сан Хозе шаркс славеше со 4-2 на гостувањето кај Колорадо аваланш во третиот дуел од полуфиналната серија од Западот. Ајкулите направија брејк откако серијата се пресели во Денвер, благодарение на одличниот Канаѓанец Логан Котур кој запиша хет-трик.

Гостите имаа удобни 2-0 по првиот период од средбата, а Меккинон и Нието го вратија Колорадо во игра на десетина минути пред крајот. Алаванш во обид да направи целосен пресврт, премногу се фокусираше на нападот, па така му оставија простор на Котур да реализира уште два погодоци, а хет-трикот го оствари постигнувајќи гол од половина терен, во ситуација кога голот на домаќините беше празен.

 

Колумбус блу џекетс по победата од 2-1 над Бостон бруинс поведе во серијата со 2-1 по три одиграни натпревари. Блу џекетси ја искористија првата предност на домашен терен, па целосно ја свртеа оваа серија во своја корист.

Џенер и Душен ги постигнаа погодоците за победа на Колумбус, а Дебруск го постигна почесниот гол за Бруинс во последната минута од мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести