Спортската прогноза во организација на Спорт Манија и Sport Life влегува во финалната фаза, а од вчера во тек за типување е претпоследното коло.
Кулминира битката за врвот во Генерален пласман, што носи вредни награди за најдобрите прогнозери во премиерната сезона на бесплатната и многу интересна игра.
Претпоследното коло носи многу предизвици, а сега треба и многу да се внимава во трката за наградите, бидејќи нема многу шанси за поправен испит.
Од вчера до сабота може да се одиграат 13 основни двојки на претполедното коло на Спортска прогноза, плус два резервни парови, кои се бодуваат во битката за Генерален пласман.
Наградите што ги доделуваат обложувалниците Sport Life за најдобрите во секое коло се исклучително прималиви, а премијата е „iPhone XS“. За да се подновите со еден од најдобрите мобилни телефони на пазарот, треба да се погодат сите 13 парови.
Следна награда е мобилниот телефон „Samsung Galaxy A6 2018“, а единаесетките и десетките ги наградуваме со ваучери од 500, односно 200 денари.
Колото за типување ќе биде затворено во сабота во 15.30 часот кога почнуваат двете бундеслигашки пресметки меѓу Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм, односно Херта и Штутгарт.
Саботната програма на нашата игра нуди шест дуели, уште толку се и во недела, а завршницата е во понеделник со дуелот меѓу Кадис и Малага во популарната Сегунда во Шпанија.
Во фокусот секако е многу важниот дуел во Серија А меѓу Лацио и Аталанта, две екипи кои атакуваат на позицијата број 4, што гарантира настап во Лигата на шампионите.
Има интересни двојки, уште подобри награди, па вреди да се типува на тикетот 13+2 во претпоследното коло за оваа сезона на Спортската прогноза.