Лионел Меси кога ветува, најчесто успева и да го исполни, а Аргентинецот имаше интересна најава пред почетокот на сезоната.
„Имаме една незавршена работа во Лигата на шампионите. Ќе сториме се за да го корегираме киксот против Рома и да ја донесеме титулата на Камп Ноу“, најави Меси, пред навивачите на Барселона.
https://twitter.com/FootballForum15/status/1123540952277299200
И Каталонците засега туркаат одлично, стасаа до полуфиналето, каде ги чека ланскиот финалист Ливерпул, па победникот од овој двомеч сигурно ќе биде фаворит во финалето против Ајакс, или Тотенхем.
Вечерва од 21 часот Меси и соиграчите ќе им бидат домаќини на ривалите од Англија, предводени од Салах, Мане, Фирмињо, Ван Дајк…
Тоа е спектакл во најава и нов предизвик за Меси да стаса на еден чекор до исполнување на ветувањето пред стартот на сезоната.