Ливерпул по пауза од 12 години, повторно ќе игра на „Камп Ноу“. Англискиот гигант има позитивни сеќавања од последниот меч на овој стадион, бидејќи гостите победија со 2:1. Од составите на двата тима тогаш, вечерва ќе игра само еден играч, а тоа е Лионел Меси. Сите останати во двата состави се променети, нормално вклучувајќи ги и тренерите.
Головите за Ливерпул тогаш ги постигнаа Џон Арне Рисе и Крег Белами, додека за каталонскиот гигант погоди Деко.
Еве како изгледаа составите од дуелот одигран пред 12 години.
https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1123633877296218120