Барселона води со 1:0 против Ливерпул, во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампиони. Луис Суарес донесе голема радост за домашните навивачи во 26 минута, откако одлично реагираше по асистенцијата на Жорди Алба. Суарес пројде меѓу двајцата стопери на гостите и со еден потег го измами голманот на Ливерпул.
Инаку, Ливерпул воопшто не се уплаши од атмосферата на „Камп Ноу“, па гостите неколку пати се најдоа пред голот на Марк Андре тер Штеген, но засега единствено се тресеше мрежата на англискиот гигант.
За Суарес ова беше прв погодок сезонава во Лигата на шампиони, од дури 36-иот негов упатен удар кон противничкиот гол.
Коментарите се затворени.