Лионел Меси покажа уште една од своите фудбалски магии, па по голот за 2:0, погоди уште еднаш. Аргентинскиот виртуоз во 81 минута даде еврогол од слобден удар од околу 27-28 метри. Само седум минути претходно Лео погоди за 2:0.
Ливерпул многу брзо по третиот примен гол имаше шанса да израмни, но најпрво Иван Ракитиќ успеа да спаси од гол линијата, а откако топката дојде со Михамед Салах, голгетерот на Ливерпул непречен од никого ја погоди стативата, иако беше многу полесно да ја затресе мрежата на домаќините.
Коментарите се затворени.