Потребно е сериозно враќање назад во историјатот на Лигата на шампионите и Купот на европските шампиони за да се најдат случаите кога во финалето отишол тим кој во полуфинале загубил со разлика од три гола.
Во 1971 година Црвена ѕвезда во Белград го победи Панатинаикос со 4-1, а потоа на контроверзниот реванш во Атина „зелените детелинки“ славеа со 3-0 и се најдoа во финалeто, во кое загубија од Ајакс.
Потоа, во 1986 година Гетеборг ја победи Барселона со 3-0, но Барса дома врати со иста мерка и на пенали се пласираше во финалето. Судбината сакаше Каталонците во финалето да загубат од Стеауа, токму на пенали.
Поминаа 33 години откако никој не успеал да надомести пораз од 0-3. Пред Ливерпул е сериозен испит. Многумина мислат дека е невозможна мисија и дека ќе биде потребно чудо за Ливерпул да ја продолжи низата без елиминација во европски двобои откако тренер е Јирген Клоп.