Лондонските тимови ќе се доближат до меѓусебно финале во Лигата на Европа

Двата меча од Лигата на Европа зачинети со финалето на Купот во Полска, плејоф-меч од англиската национална лига и битката за опстанок во Словенија се денешните наши предлози за играње. Обложувалниците Sport Life стандардно нудат три примамливи квоти на денот.

 

Арсенал – Валенсија (21.00 часот)

Во редовите на „топчиите“ нешто не е во ред во последно време, но утеха за Арсенал е што и Валенсија не блескаше на послединте два меча во првенството. Арсенал е одличен дома, во нокаут-фазата уште нема примено гол. „Лилјаците“ не знаат за пораз од Арсенал од 2001 година, но лондонскиот тим со сите сили ќе го нападне шпанскиот гостин. Двата тима имаат по неколку повредени играчи.

Предлог тип: Т1 2+& ГГ (2.95)

 

Ајнтрахт – Челзи (21.00 часот)

Далеку од тоа дека Ајнтрахт нема шанси во овој двобој, против Интер покажаа колку може да бидат незгодни, но искуството е на страната на Челзи. Убиственоста на Азар може да му направи проблеми на германскиот тим чија посилна страна е нападот. Овие тимови никогаш порано не играле меѓусебе во некој европски натпревар. Ребиќ нема да игра за Ајнтрахт поради суспензија.

Предлог тип: Х2 & 2-5 (2.05)

 

Врексам – Истли (19.00 часот)

Ова е четвртфинале од плејофот во англиската национална лига (петта по ранг во Англија). Победникот оди во полуфинале против Салфорд. Домашните се фаворити, на свој терен имаат низа од четири победи по ред. Во лигашкиот меч одигран во Врексам, на 8 декември, домашните победија со 2-0. Истли на последните пет гостувања секогаш примаше два или повеќе голови.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.00)

 

Јагелонија – Лехија Гдањск (16.00 часот)

Во финалето на Полскиот куп кое се игра во Варшава нема изразит фаворит. Влогот е голем и веројатно ќе биде напнато. Во првенството, Лехија е многу понапред, овој тим ја има најдобрата одбрана во лигата, па можеби е во мала предност. Најголем плус за Лехија е што има две победи по ред во дуелите со Јагелонија, но во финале на куп и мотивацијата може да биде пресудна.

Предлог тип: 2 & ГГ (6.00)

 

Кршко – Рудар Велење (18.00 часот)

Пресметката на двете последни екипи на табелата во словенечката лига е многу поважна за гостите, кои се поблиску до опстанок, отколку за Кршко, кој е закован на дното со 9 бода помалку од Рудар. Рудар со Нова Горица и Триглав води битка за избегнување на преселба во втората лига, а според статистиката, последните четири меѓусебни дуели има беа со 0-2 гола.

Предлог тип: ГГ (1.78)

- Оглас -

Најнови вести