Челзи го претстави новиот дрес, на навивачите не им се допаѓа (фото)

Челзи денес го претстави новиот дрес за сезоната 2019/20, но не ги доби посакуваните реакции од страна на навивачката база. Дизајнот во изведба на „Најки“ е навистина чуден и несекојдневен, а фановите не се задоволни од новата униформа и бурно реагираа на социјалните мрежи.

Темата на новиот дрес е стадионот „Стемфорд бриџ“, но повеќе наликува на обични чкртаници, како дете од четири години да го дизајнирал.

„Ова мора да биде најлошиот домашен дрес на сите времиња“, „Мора да се шегувате, ова сигурно не е дресот со којшто ќе игра Челзи следната сезона“, се дел од коментарите на Твитер.

Сепак, има и добра страна со претставувањето на новите дресови. Имено, Еден Азар е главниот актер во видео прилогот, односно рекламатаза новата униформа, па токму поради овасега навивачите веруваат дека тој ќе остане и следната сезона во Лондон.

Што се однесува за дресот, проценете сами дали дизајнот е голема „утка“, или пак невообичаено интересен.

https://twitter.com/ChelseaFC/status/1123874789041614848

- Оглас -

Најнови вести