Лионел Меси синоќа уште еднаш ја покажа целата своја фудбалска сила и знаење. Даде два гола и беше најзаслужен за победата на Барселона против Ливерпул од 3-0 во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Посебно маестрален е погодокот со кој Аргентинецот зголеми на 3-0, а погоди од слободен удар од околу 27/28 метри.
Сепак, токму тој слободен удар е сламка за надеж на дел од навивачите на Ливерпул. Во акцијата по која беше досуден фаул за Барселона, Меси имаше контакт со Фабињо, а судијата покажа фаул за Барселона. Според фановите на Ливерпул, ситуацијата можела да биде сосема поинаква доколку се побарало помош од ВАР-системот. Тие сметаат дека Меси директно удрил во Фабињо и дека е тоа фаул за Ливерпул.
Но не е само тоа спорно според нив. На снимката се гледа како Фабињо се држи за глава бидејќи Меси го удира со рака, а фановите на англискиот гигант веруваат дека тоа е причина дури и за УЕФА да ја разгледа можност да го казни Меси ретроактивно со неиграње на реваншот на „Енфилд роуд“.
Messi pega un puñetazo al rival merecedor de roja, por su contra el árbitro pita falta y llega el tercero.
VARcelona pic.twitter.com/9LWRPUdD2p— xɪsᴄᴏ ᴍᴀɴᴊóɴ (@xisco_manjon) May 1, 2019
Од досудениот слободен удар за Барселона, Меси го даде спектакуларениот гол, а домаќините стигнаа до 3-0.
Еден навивач на Ливерпул дури креирал онлајн интернет-петиција за Меси да добие суспензија поради тоа. „Дајте му на Меси ретроактивна суспензија поради удирање на Фабињо во глава“. Во петицијата стои дека УЕФА треба да го истражи случајот и да го суспендира Меси поради неспортсто однесување.
Ова е само една трошка надеж за навивачите на Ливерпул да не го видат Меси на реваншот на „Енфилд роуд“ следната недела, но тешко дека ќе успеат во намерата.
Фановите на Ливерпул забележуваат и за тоа од каде е изведен слободниот удар на Барселона, по досудениот прекршок за Меси. Според нив, Меси успеал да „украде“ неколку метри и да се доближи на позиција од која полесно можел да даде гол.
Целата ситуација околу слободниот удар, фаулот, а и прекрасниот гол на Меси, може да ја видите ТУКА.