Ајнтрахт Франкфурт и Челзи одиграа без победник (1-1) во првиот меч од полуфиналето во Лигата на Европа. Домаќините водеа, но англискиот тим успеа да израмни пред крајот на првиот дел.
Покрај двата гола, посебно за издвојување од овој дуел е атмосферата која ја создадоа домашните фанови. Во текот на целиот меч даваа поддршка за своите миленици, а посебно убаво за гледање беше кореографијата која ја направија пред почетокот на средбата.